На големо
изненадување, Интер реши да потпише со Хуан Квадрадо, кој доаѓа од редовите на лутиот ривал Јувентус и
пред неколку месеци имаше жесток дуел со Самир Хандановиќ, кога му удри бокс на
голманот.
Колумбиецот доби
едногодишен договор и плата од 2,5 милиони евра, со опција соработката да биде продолжена за
додатни 12 месеци.
Во разговор со ТВ
каналот на Интер, Хуан Квадрадо откри зошто се решил за „нероаѕурите“.
„Имав многу
понуди но Италија е мојот втор дом. Моето семејство е приврзано за оваа земја и
ми се укажа шанса да останам тука и да играм за голем клуб со богата историја.
Го одбрав Интер бидејќи сите знаеме што значи овој клуб на глобално ниво“ –
вели Хуан Квадрадо.
„Среќен сум, му
благодарам на Бог за шансата. Чест ми е да бидам тука, во еден од најголемите
клубови во Европа“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.