Барселона
очајнички се бори за да спаси што е можно повеќе финансиски средства по хаосот
кој навлезе сериозно во клубот од финансиски аспект, долговите се огромни за
Каталонците, а поради таквата ситуација можа да „настрада“ дури и Филипе
Кутињо.
Како што стојат
работите, Бразилецот би можел да заборави на настап до крајот на актуелната
сезона, и сето тоа поради една клаузула во договорот со Ливерпул за неговиот
трансфер,
Шпанскиот новинар
Хави Мигел од „АС“ во тв интервју објасни дека Барселона би избегнала сценарио
да мора да му исплати на Ливерпул 5 милиони евра поради бројот на настапи, а за
тоа да се случи недостасуваат уште само седум настапи на Бразилецот кој се
најавува дека може да биде достапен на Куман идниот месец.
Инаку Кутињо е на
прагот да се врати од повредата, а од претходната седмица започна со
индивидуални тренинзи во тренинг центарот на клубот.