Куртоа за Навас: Говориме за играч кој три пати ја освои ЛШ, не му е лесно да биде на клупата

by
1 минути читање

Тибо Куртоа го „седна“
Кејлор Навас на клупата за резерви, иако Костариканецот ја покори Европа со
Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид, а францускиот стратег имаше целосна
доверба во него, овој во целост ја оправдуваше.

Сепак, Сантијаго
Солари нема дилеми во однос на тоа кој да биде првиот голман на екипата, со тоа
што Навас го седна на клупата за резерви, говорејќи за својот соиграч, Куртоа
вели дека има одличен однос со него, како и почит, а додаде дека не е лесно за
играч кој три пати ја освоил Лигата на шампионите да биде на клупата за
резерви.

Имаме голема
меѓусебна почит, одличен однос и соработуваме навистина добро
“ рече Куртоа во
изјава за Марка а притоа истакна дека сигурно на неговиот соиграч не му е лесно
да седи на клупата за резервни фудбалери.

Ние говориме за
играч кој три пати ја освои Лигата на шампионите, сигурен сум дека не му е
лесно да биде на клупата за резерви
“ заклучи Белгиецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани