Реал Мадрид изминатата сезона стана европски шампион, ја освои Ла Лига, Европскиот Суперкуп и шпанскиот Суперкуп, но тоа не беше доволно да биде најдобар клуб според „Франс прес“.
Наградата ја освои Манчестер Сити кој беше прв во Англија, а во Лигата на шампионите загуби токму од Реал Мадрид во полуфиналето. Втор беше Ливерпул, кој беше втор и во Англија и финалист во ЛШ.
Ваквиот исход предизвика многу реакции и на социјалните мрежи, но и меѓу присутните на гала свеченоста.
„Кога Манчестер Сити ја доби наградата за најдобар клуб, ние само се погледнавме и се насмеавме“, прокоментира Куртоа.
Тој смета дека како голман никогаш не може да ја освои Златната топка.
„Невозможно е јас како голман да ја освојам Златната топка. Освоив Ла Лига и Лига на шампионите, имав одлични одбрани и завршив само на седмата позиција. Барем измислија трофеј за најдобар голман“, вели Куртоа.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.