Кунде може беспари да ја напушти Барса доколку не биде регистриран до 31. август?!

by
1 минути читање

Барселона беше
приморана да продаде уште 24,5% од „Барса Студиос“ за да ги регистрира летните
засилувања, но и оваа зделка од 100 милиони евра не отвори доволно простор за
сите да бидат вметнати на време за отварањето на сезоната против Рајо и Жил Кунде беше тој кој извиси.

Медиумите од
Шпанија сега пренесуваат дека дефанзивецот има клаузула со која може беспари да
го напушти клубот доколку не биде регистриран до 31. август.

Претходно се пишуваше
за слична клаузула и во договорите на Франк Кеси и Андреас Кристенсен, но тие
пристигнаа како слободни играчи, додека пак Барселона плати 50+ милиони евра за
услугите на Французинот.

И не само што
постои можност да го загуби Жил Кунде беспари, Барселона ќе треба на Севиља да
и плати 2,5 милиони евра од бонусите.

Сепак, на Камп
Ноу не стравуваат од вакво сценарио, Жоан Лапорта и неговите соработници
веруваат дека со продажба на Пјер Емерик Обамејанг и Мемфис Депај ќе се ослободи
доволно простор во сметката за плати за да биде регистриран Жил Кунде.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×