Куман сака пет до шест засилувања, ТРИ имиња се приоритет

by
1 минути читање

„Каталонците“
најавија голема реконструкција на тимот, а претседателот Жозеп Мариа Бартомеу
порача дека од сегашниот состав само осум играчи се сигурни, сите останати се
на продажба.

Барселона веќе
има договорено неколку фудбалери, а ќе пристигнат и нови имиња. Во разговор со
медиумите од Холандија, Роналд Куман октри дека посакува пет до шест засилувања.

„Големите клубови
имаа неверојатни загуби, пе нема да биде лесно уште ова лето да донесеме пет до
шест нови играчи… ќе видиме што ќе се случи“
– изјави стратегот.

Според пишувањата
на АС, приоритет се ТРИ имиња. Се работи за дефанзивецот на Манчестер Сити, Ерик
Гарсија
, фудбалерот од средниот ред на Ајакс, Дони ван де Бек и напаѓачот на
Интер, Лаутаро Мартинез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×