Тренерот на Барселона, Роналд Куман ја објасни првата средба со Меси, му ветил дека може да ги промени работите кои зависат од него за Аргентинецот да остане во тимот, но не и тие кои зависат од раководството на клубот.
„Кога дојдов ми кажаа дека Меси не е среќен. Зборувавме кај него дома. Тој ми ги кажа неговите причини и јас бев искрен, му кажав дека единствено што можам да променам е фудбалот, системот на игра, неговата позиција на теренот, неговата важност во тимот. Но не можам да ги променам работите кои тој ги има со клубот. Меси ми покажа дека е личност која сака да освојува работи, кој сака да е најдобар и продолжува да биде најдобар без разлика што имаше проблеми со клубот. Денеска Барса е подобар тим со Меси отколку без Меси“, вели Куман.