Во средата, Барселона загуби со 2-0 на гостувањето кај Севиља во првиот натпревар од полуфиналето во Копа дел Реј. По крајот на дуелот, Роналд Куман се пожали дека не им бил досуден чист пенал.
Барселона потоа на социјалните мрежи објави видео од нов агол и камера блиску до случувањата за да покаже дека морало да се досуди најстрога казна за стартот на Сусо врз Алба.
Тренерот на Барса продолжи со критиките и денеска, вели дека не му е јасно како ВАР не се огласил.
„Веднаш по крајот на натпреварот кажав дека е пенал, и дека истото ова го рекоа и многу други. Не бев јас тој што побара од клубот да биде објавено видеото, но има и видео на кое се гледа дека судијата вели дека е прекршок но дека е надвор. Прекршокот беше внатре и не ми е јасно како ВАР не се огласи. ВАР мораше да го корегира судијата и да му каже дека прекршокот е внатре. Да, разбирам дека се прават грешки, но кога некој ќе направи грешка, мора да го признае тоа“ – вели Холанѓанецот.