Куман: Не сакам Меси да ми биде противник, го сакам во мојот тим

by
1 минути читање

Барса е во бурен период, во тимот ќе има големи промени, на клупата дојде Роналд Куман, а сега следува играчки ремонт. Често се шпекулира дека Меси ќе ја напушти Барселона, холандскиот стратег вели дека ќе разговара со Аргентинецот и ќе се обиде да го убеди да остане.

„Не знам дали ќе треба да го убедувам Меси. Тој има уште една година од договорот. Најдобар е во светот и сакате најдобриот да биде во вашиот тим, не во противничкиот“, вели Куман.

„Сакам да работам со Меси. Доколку тој ги има неговите вообичаени перформанси, ќе бидам среќен ако остане. Но, ќе разговарам со него. Се надевам дека ќе остане тука и во наредните години. Тоа што ќе му го кажам се приватни работи“.

Што се однесува до стилот на игра на Барселона под водство на Куман, Холанѓанецот го кажа тоа што сакаат да го слушнат навивачите.

„Јас сум Холанѓанец, ние сакаме да ја имаме топката. Имам искуство и секогаш имало поврзаност меѓу Барса и Холандија. Ние Холанѓаните сакаме да бидеме тука, фудбалот е за да се ужива во него. Треба да ги имате и двете работи, напорна работа и забава“.

Во Барселона се најавени големи реформи во тимот.

„Не сакам да зборувам индивидуално за играчите. Треба да видиме што е најдобро за клубот. Да направиме најсилен можен тим. Има фудбалери кои се постари и можеби се сомневаат во своите перформанси. Но треба да имате почит за сите играчи. Ќе се обидеме да најдеме што е најдобро за клубот. Со клубот веќе зборувавме за тоа кои одлуки треба да се донесат. Но не сакам да споменувам имиња поради почит кон фудбалерите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×