Куман е виновен за заминувањето на Меси?! Ова се зборовите на Холанѓанецот кои ја прелиле чашата

by
1 минути читање

Вечерва топ тема
во светот на фудбалот е желбата на Лео Меси да го напушти Камп Ноу.
Аргентинецот испратил итен допис до Барселона и го известил раководството дека
сака да замине и тоа за беспари.

Иднината на Лео
Меси висеше во воздух подолго време, се појавија многу прашалници по срамниот
пораз од 8-2 против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а според пишувањата
на Оле, Роналд Куман ја прелил чашата.

Лео Меси бил
прилично вознемирен по разговорот лице во лице со новиот тренер и решил дека е
време да замине од Барселона кога слушнал што има да каже стратегот.

„Никој повеќе
нема да има привилегии во овој тим, мораш да правиш се за тимот. Ќе бидам нефлексибилен,
мораш да мислиш на тимот“
– ова се зборовите на Куман, кои не му се допаднале
на Лео Меси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×