Куман: Барселона живее во минатото… повеќе ги нема Чави, Иниеста и Меси

by
1 минути читање

Жоан Лапорта
немаше многу трпение со Роналд Куман и неговите замисли па во октомври минатата
година му врачи отказ на Холанѓанецот и го донесе Чави на тренерското столче,
со намера „каталонците“ да се вратат на старите патеки, односно формацијата
4-3-3 и „тики-така“ стилот на игра.

Но Роналд Куман
смета дека ова е грешка, Холанѓанецот вели дека фудбалот еволуира па и
Барселона треба да се прилагоди.

„Јас сум поборник
за стил со кој ќе доминирате на теренот. Но доколку играте со тројца централни
дефанзивци и петмина во одбрана, тоа не мора да значи дека играте со дефанзивен
систем. Со овој систем, три или четири месеци го прикажувавме најдобриот
фудбал во последниве години. Најдобар пример е финалето (2021 Копа дел Реј) против Атлетико (Барса
славеше со 4-0)“
– вели Куман.

„Барселона живее
во минатото, од формацијата 4-3-3 до „тики-така“. Фудбалот се промени. Сега играта е многу
побрза, пред се физичка“.

„Исто така, Барса
повеќе ги нема Чави, Иниеста и Меси, кој всушност ми го земаа мене. Тоа беше
тежок удар“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани