„Старата дама“ со
цел плен си замина од „Енио Тардини“, избраниците на Пирло без многу проблеми славеа со убедливи 0-4
Резултатот го
отвори Кулушевски во 23. минута. Една топка на Сандро мина нис шеснаесетникот и
дојде до Швеѓанецот со македонско потекло, кој прецизно по земја погоди на
подалчената статива за 0-1. Напаѓачот не се радуваше на погодокот откако
минатата сезона го носеше дресот на Парма и во овој клуб блесна во Калчото.
Во 26. минута
веќе беше 0-2. Мората центрираше, Роналдо скокна високо и со глава погоди за
дуплирање на предноста.
На стартот на вториот
дел, ЦР7 по втор пат се запиша во листата на стрелците, откако доби топка од Ремзи, Португалецот прецизно
со лева го матираше голманот на Парма за 0-3.
Точка на натпреварот
стави Мората на пет минути до крајот. Бернардески нафрли а Шпанецот се покллони
и со глава биеше неодбранливо покрај стативата за 0-4.