Кулибали се пожали по ремито со Милан: ВАР мора да ни помогне (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Дефанзивецот на
Наполи, Калиду Кулибали тврди се сомнева во исправноста на одлуката за пенал на
Милан во синоќешното дерби помеѓу обата клуба кое заврши со поделба на бодовите
и резултат 2-2.

Франк Кеси беше
сигурниот реализатор од белата точка откако Бонавентура изнуди пенал, меѓутоа
доста спорна беше оваа ситуација, на што реагира и самиот Кулибали.

спорната ситуација на 2,50

За момент се
се случи брзо, меѓутоа тоа не
изгледаше на пенал, потоа, кога отидов во соблекувалната велеа дека е пенал,
но, генерално можевме да се одбраниме подобро во таа ситуација
“ рече Кулибали
во изјавата за „Скај Спорт Италија“.

Мораме да бидеме
внимателни, фудбалот е спорт кој се игра со многу контакти, а кога не можете да
сторите ништо во тој дел од теренот, станува комплицирано, ВАР мора да ни
помогне, сметам дека ќе биде подобро со текот на времето
“ додаде стоперот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×