Аурелио Де
Лаурентис одново се најде во фокусот откако изјави дека повеќе нема да купува
фудбалери од Африка. Газдата на Наполи појасни дека нема ништо против играчите,
едноставно му смета тоа што на сред сезона мора да ги ослободи за настап на
Африканскиот куп на нации.
Тој исто така додаде
дека би можел да направи исклучок доколку играчот потпише некаков договор со
кој ќе се откаже од настап на АФКОН.
Попладнево
одговор доби од Калиду Кулибали, кој осум години го носеше дресот на Наполи и
летово направи трансфер во Челси.
„Тоа е негово
лично мислење, најважно е да се покаже почитување кон сите. Кога играв во Наполи, играв и за Сенегал, го освоив Африканскиот куп на Нации. Вистина е дека им беше
тешко кога играчите заминаа на АФКОН, но јас триумфирав на Африканскиот куп на
нации и сум многу среќен. Мора да се има почит кон репрезентациите од Африка,
не може да се зборува така“ – вели Калиду Кулибали.
„Доколку мисли
дека може без играчи од Африка, тоа е негово право. Но мислам дека не сите во
клубот мислат така. Знам и дека навивачите не мислат така, знам и дека градот
не мисли така“.
Запрашан дали
некогаш било побарано од него да не игра на Африканскиот куп на Нации, дефанзивецот
вели: „Лично мене никој никогаш ништо не ми кажал, можеби му кажале на мојот
агент“.
„Но јас како
капитен на Сенегал, кога доаѓа АФКОН, јас сакам да бидам првиот кој ќе се
појави. Си ја сакам државата, националниот тим и луѓето за кои играм“.
„Доколку некој ми
рече да не одам на АФКОН, ќе се степаме!“.