Кулибали го носеше тој број во Наполи, па кога дојде во Челси мораше да го праша Џон Тери дали ќе му ја даде 26-ката бидејќи откако тој се пензионира никој друг не ја носел.
Кулибали објави видео како му се јавува на Тери и го прашува дали ќе му дозволи да го носи бројот 26.
„Извини за мојот англиски, не е многу добар, но ќе се потрудам најдобро. Џон сакам да те прашам нешто. Како што знаеш, јас играв со број 26 во Наполи. Откако ти го напушти клубот, никој не го земал тој број. Не знам дали е пензиониран или никој не сакал да го земе, но сакам да те прашам дали е возможно јас да го земам?“, Кулибали го праша Тери.
Англичанецот одговори: „Бројот 26 беше многу посебен за мене и навистина го почитувам тоа што се јави. Воопшто не ми е проблем да го земеш, ќе ми биде апсолутно задоволство. Ти посакувам се најдобро бидејќи знам колку важен беше тој број за мене. Ќе те гледам како играш во тој број. Задоволство ми е да ти ја дадам 26-ката“.
July 15th, 2022
Better call…@JohnTerry26
Honored and Proud #KK @ChelseaFC pic.twitter.com/uYeVA5y7PL— Koulibaly Kalidou (@kkoulibaly26) August 1, 2022