Кулибали нема да направи предавство како Игуаин: Никогаш нема да се преселам во Јувентус

by
1 минути читање

Калиду Кулибила има
само уште една година од договорот, преговорите за продолжување на соработката
тапкаат во место, па се очекува дефанзивецот ова лето да го напушти Наполи.

Интерес за неговите
услуги пројавуваат неколку клубови, а во последно време се говори дека Јувентус
ќе тргне во офанзива по неговиот потпис.

Сепак, како што
пренесува Ил Матино, Калиду Кулибали нема да направи предавство како Гонзало
Игуаин.

Весникот пишува
дека Сенегалецот на блиските пријатели и соиграчите им кажал: „Никогаш нема да
се преселам во Јувентус“.

Ривалството
помеѓу двата клуба е огромно, па навивачите на Наполи сигурно ќе бидат задоволни
што нивната ѕвезда нема да го облече „бело-црниот“ дрес на клубот од Торино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани