Феде Валверде бил фан на Тони Крос, а откако Германецот го дознал тоа, почнал посебно да се грижи за својот помлад соиграч.
„Се сеќавам за време на американската турнеја во 18/19. Нашиот физиотерапевт ми рече да внимавам на Валверде бидејќи тој знаеше дека јас сум негов идол“, открива Крос.
„Веднаш видов дека тоа е одлично дете. Многу тивок и скромен. Тоа најмногу ми се допадна кај него“.
„Тој не се однесуваше поинаку само затоа што патуваше со нас. Даваше се од себе на секој тренинг без страв или нешто. Се грижев за него за тоа што прави на тренингот, но и надвор од него“.
„Отсекогаш ми се свиѓал начинот на кој игра. Гледајќи го на теренот знаете дека може уште многу да напредува и да стане посебен играч. Тој отсекогаш сакаше да напредува и собираше самодоверба од тренерите“.
Крос неодамна го пофали Валверде на социјалните мрежи велејќи дека тој е еден од трите најдобри во светот во сегашната форма.
„Мојот твит тој ден беше бидејќи тој е во одлична форма и да играте на такво ниво во таков тим е навистина посебно“.
„Без разлика на неговата сегашна форма, тој секако е одличен фудбалер“.
„Исто така е многу брз со топката, има одличен пас и има многу добри идеи. Неговиот шут отсекогаш бил неверојатен и сега тоа го покажува со головите кои ги постигнува“.
„Тој може да игра повеќе како крило но и како осмица. Да бидам искрен на позиција осмица го гледам повеќе во иднина. Мислам дека тој ќе биде фудбалер од светска класа за Реал Мадрид најмалку во следните десет години“.
„Ако продолжи вака не гледам граници за него. Тој е многу, многу комплетен. Ако некогаш не гледа решение што да направи со топката, ја зима и трча со неа кон противничкиот гол“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.