Крос за дисциплината во Мадрид: „Флик би бил исмеан во Реал“

by 24 фудбал
1 минути читање

Година дена по крајот на кариерата и заминувањето од Реал Мадрид, Тони Крос повторно се најде во центарот на вниманието поради коментари поврзани со внатрешната дисциплина на „кралскиот клуб“. Германецот кој сега има 35 години, во интервју за „Ел Чирингито“ зборуваше отворено за атмосферата во соблекувалната на Реал, нешто што никогаш не го правеше додека беше активен играч.

Крос повлече паралела помеѓу пристапот на Ханси Флик – новиот тренер на Барселона – и она што го доживеал во Мадрид. „Дисциплината на Флик? Во Реал ќе се смеат на тоа“, изјави Крос, алудирајќи на тоа дека во неговиот поранешен клуб владеел хаос. Дополнително потенцираше: „Мора да знаете вистината. Не знаевме кој повеќе доцни, дали играчите или тренерите.

Со ваквите зборови, Крос директно посочи на лабавата организација во Реал и ја истакна разликата во однос на новата строгост која Барса ја негува под водство на Германецот. Дел од шпанските медиуми ваквите изјави ги гледаат како индиректно објаснување зошто Барселона оваа сезона го надвладеа Реал во сите меѓусебни дуели.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×