Легендарниот германски фудбалер Тони Крос без влакна на јазикот зборуваше за кризата во Реал Мадрид по уште една разочарувачка сезона без освоен трофеј.
Поранешниот играч на „кралевите“ призна дека ретко кога чувствувал толкав песимизам пред „Ел Класико“, посочувајќи дека проблемите во клубот одамна излегле надвор од теренот.
„Две сезони без титула се недозволиви во Реал Мадрид. Никогаш претходно не сум имал толку малку надеж пред „Ел Класико“, дури ни во сезоните кога Барселона беше подобра. Бев среќен кога заврши натпреварот. Цела сезона не делуваше нормално. Резултатите на теренот се последица на лошата атмосфера во клубот и слабата внатрешна динамика. Можеби играчите беа мотивирани да победат, но тоа не беше доволно. Делуваше како поразот да е запишан уште пред почетокот на натпреварот. Вториот гол на Барселона најдобро ја покажува разликата меѓу двата тима. Кај нив системот и движењето се поважни од имињата“, изјави Крос.