Крос по одличната партија на Азар: Неговите квалитети никогаш не биле доведени во прашање, туку проблемот со повредите

by
1 минути читање

Еден Азар конечно доби поголема минутажа, иако таа беше принудна поради тоа што се повреди Бензема. Белгиецот играше повеќе од еден час и блескаше.

Азар даде гол и имаше асистенција, а по мечот прашање за белгискиот фудбалер доби и Крос кој даваше изјава по мечот.

„Азар? Никогаш не биле доведени во прашање неговите квалитети, туку физичката кондиција, повредите. Денеска влезе и одигра добро, да се надеваме дека ќе продолжи така“, изјави Крос.

По крајот од минатата сезона, Азар изјави дека оваа сезона ќе биде негова и тој ќе направи се за фановите на Реал Мадрид да го видат најдоброто од него. 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×