Крос: Меси во Реал Мадрид? Треба да имате му*а за такво нешто!

by
1 минути читање

Одлуката на Лео Меси да замине од Камп Ноу е топ тема во светот на фудбалот повеќе од една недела. Потегот кој го повлече Аргентинецот беше искоментиран од Тони Крос, кој вели дека е изненадување тоа што напаѓачот сака да го напушти Камп Ноу. Сепак, никој во Реал Мадрид нема многу да тагува.

„Кога играч од таков калибар нема да игра за вашиот најголем ривал, тоа и не е така лошо. Доколку Меси замине, Барселона ќе остане без најсилното оружје“ – вели Германецот.

Тој нема инсајдерски информации за следниот клуб на Лео Меси, смета дека Манчестер Сити е најреална опција поради Пеп Гвардиола.

Запрашан дали може да се случи Лео Меси да заврши на Сантијаго Бернабеу, одговори: „Мислам дека нема да дојде во Реал Мадрид, всушност и категорично можам да кажам дека нема шанси“.

„Треба да имате му*а за такво нешто“!

Можно е и ова да ти се допаѓа

×