„Старата дама“ сака да ја искористи кризата во Милан за да донесе две засилувања – голманот Мајк Мењан и фудбалерот од средниот ред, Леон Горецка.
Гери Кардинале направи чистка по неуспехот да се обезбеди настап во Лигата на шампиони, па Милан се раздели со тренерот Макс Алегри и директорите кои го водеа клубот.
Кризата на „Сан Сиро“ сега сака да ја искористи Јувентус и да донесе две засилувања.
Како што пренесува Газета дело Спорт, „старата дама“ остварила контакт со голманот Мајк Мењан и опипала терен за трансфер на Французинот во Торино.
Доколку Мајк Мењан не е задоволен од новиот проект и правецот во кој ќе се движи Милан, Јувентус е подготвен да реагира и да ги претвори почетните контакти во конкретна понуда.
„Бјанконерите“ ито така планираат да отворат нови преговори со Леон Горецка, кој беше на чекор до Сан Сиро.
Сега во Милан нема кој да ги финализира преговорите со Германецот, па Јувентус сака да го искористи вакумот и да го убеди фудбалерот од средниот ред да го облече нивниот дрес.