Кризата на Вардар нема крај, Работнички му го зеде скалпот на градскиот ривал

by
1 минути читање

Вардар веќе шест
меча не знае за победа во домашниот фудбалски шампионат, а денес забележа трет
пораз во низа откако загуби минимално од својот градски ривал Работнички со
0-1.

Единствениот гол
на мечот во Скопје го постигна Ангелов во 56. минута, со тоа што донесе големи
три бода за избраниците на Јовановски кои се уште имаат амбиции за третото
место на табелата на кое во моментов е Силекс.

Новиот шампион
Шкендија одигра реми со резултат 2-2 на гостувањето кај Академија Пандев.

 

Резултати од
денешните средби
:

Вардар –
Работнички
0:1

Академија Пандев –
Шкендија
2:2

Пелистер – Силекс
2:1

Ренова – Скопје 2:0

Шкупи – Победа 3:1

 

Табела: Шкендија 76, Вардар 49, Силекс, 45,
Работнички 41, Ренова 37, Академија Пандев 36, Шкупи 36, Победа 29, Пелистер
28, Пелистер 28, Скопје 25.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани