Криза во љубовта или црна магија? Ванда Нара палеше слики од неа и Мауро Икарди (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Аргентинецот е под притисок откако минатата недела остана без капитенската лента, и се верува дека Интер се решил на еден ваков чекор поради изјавите на неговата сопруга за медиумите.

Ванда Нара повторно привлече внимание откако на Инстаграм стори постираше чудно видео. Таа запали две слики од неа и Мауро Икарди во форма на срце и предизвика голема дебата на социјалните мрежи.

Едни говорат дека ова е знак за криза во љубовта, и потсетуваат на сториите кои велеа дека Ванда Нара го изневерувала напаѓачот со соиграчот Марсело Брозовиќ.

Други пак сметаат дека се работи за црна магија, и обид на Ванда Нара да ја тргне лошата енергија околу голгетерот, кој западна во голема криза.

Аргентинскиот весник Кларин пак има друга теорија, и пријател близок до Ванда им објаснува: „Нема никаква криза. Се подготвуваа за скара и оганот го запалија со весници во кои имаше сторија за нив која не е вистината. Единствена интерпратација е дека палеа лажни вести“.

Калчомеркато пак вели дека традиција во Аргентина е да се пали слика од партнерот на ден пред неговиот роденен. Мауро Икарди денеска полни 26 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани