Кристијано Роналдо спасува засолниште за кучиња

by
1 минути читање

Откако слушнал дека поради финансиски причини треба да се затвори жиеалиште за кучиња Португалецот решил да интервенира.

Роналдо донирал свој дрес со автограм кој треба да се продаде на аукција а собраните средства да се искористат за опстанок на засолништето.

Со овој потег Кристијано Роналдо ќе помогне да продолжи третманот на околу 80 кучиња.

„Сакам да му заблагодарам на Роналдо од дното на моето срце. Тоа е едноставен гест, но за нас многу важен“ – изјави сопственичката на објектот, Лилиана Сантош.

Тоа е само еден од многуте гестови за пофалба на Кристијано Роналдо. Претходно тој за 1,5 милиони евра ја продаде Златната копачка а средствата ги донираше за училишта во Газа.

Роналдо е глобален амбасадор на „Save the Children“ исто така работи со UNICEF и World Vision.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани