Легендарниот
квотербек Том Брејди се разведува со една од најпознатите манекенки Жизел
Бундшен и изминативе денови ова е една од топ темите во светот на спортот.
Се говори дека
главна причина е одлуката на Том Брејди да ја продолжи кариерата и го да прекрши ветувањето дека повеќе ќе му се посвети на семејството.
Во целата драма
медиумите некако успеаја да го вмешаат и Кристијано Роналдо, кој наводно има допринос за разделбата.
Имено, на стартот
од февруари, Том Брејди соопшти дека става крај на кариерата, и еден месец подоцна
го посети Олд Трафорд за да ужива во дербито помеѓу Манчестер јунајтед и Тотнем.
Тој ден, Кристијано Роналдо имаше извонредни перформанси, постигна хет-трик и
ги предводеше „ѓаволите“ до драматичен триумф од 3-2.
Кратко по овој
натпревар, Том Брејди објави дека ќе продолжи да игра, па сега се говори дека квотербекот
се предомислил откако бил импресиониран од она што го постигнува Кристијано
Роналдо, со кого имаше прилика да се сретне и да поразговара по крајот на
натпреварот против Тотнем.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.