Кристенсен и Кеси може да си заминат од Барса ако клубот не ги регистрира до сабота!

by
1 минути читање

Барселона се изнакупува ова лето, но сега мака мачи да ги регистрира новите засилувања. „ЕСПН“ тврди дека кај дел од новите играчи веќе се јавува незадоволство и нетрпение од актуелната ситуација.

Барселона има рок до крајот на преодниот рок да ги регистрира новите играчи, но некои од нив се заканувале со заминување доколку не бидат во комбинација од почетокот на сезоната која започнува престојниот викенд.

Според „ЕСПН“, Андреас Кристенсен и Френк Кеси би можеле да си заминат од Барселона како слободни фудбалери доколку не бидат регистрирани до сабота.

За разлика од Леванвоски и Кунде, Кристенсен и Кеси пристигнаа како слободни играчи и имаат клаузули со кои можат да заминат како слободни играчи доколку не бидат регистрирани до првиот меч од сезоната.

Се очекува во наредните денови да има и поконкретни вести кога би биле регистрирани новите фудбалери на Барса, но и играчи кои ги продолжија договорите како Дембеле.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани