Кристал Палас
очигледно не знае да игра без Вилфред Заха, „орлите“ имаат 17 пораз на
последните 19 натпревари во Премиерлигата кога напаѓачот бил отсутен. На дури
15 од овие 17 порази немаат постигнато ниту гол.
Вечерва Лидс без
многу проблеми славеше со 2-0, иако домаќините имаа шанси за многу поубедлива
победа.
Резултатот го отвори
Харисон по три минути игра, фудбалерот од средниот ред погоди под пречката од врвот
на шеснаесетникот за 1-0.
За вториот гол се чекаше дури до почетокот на второто полувреме кога Гуаита го одбрани ударот на Рафиња но Бамфорд прв стигна до одбиената топка и
ја смести во мрежата.
Нашиот Езгјан
Алиоски одигра цел натпревар и беше сосема солиден, особено во првото
полувреме.
Со овие три бода,
Лидс го скокна Арсенал на табелата и сега е на позицијата број 10. Токму
„топчиите“ се следниот противник на „белите“, мечот се игра во недела на
„Емирати“ во Лондон.