Кристал Палас настрaда, Ливерпул за прв пат постигнува СЕДУМ гола на гости во Премиерлигата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Кристал Палас
настрада попладнево, домаќините во добар дел од првото полувреме беа подобар
противник, имаа неколку убави прилики да изедначат откако Минамино рано го
донесе Ливерпул во водствот, но откако не реализираа, „црвените“ ја наполнија
нивната мрежа.

Мане зголеми на
0-2 во 35. минута со прецизен удар од врвот на шеснаесетникот, а пред крајот на
првиот дел, Фирмино реализираше за 0-3.

На стартот од
вториот дел, Хендерсон донесе 0-4 а Фирмино во 68. минута по втор пат се запиша
во листата на стрелците.

Во финишот од
мечот Салах два пати ја тресеше мрежата за историја, Ливерпул за прв пат постигна седум гола на гости во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×