Кристал Палас и Арсенал ја отвораат новата сезона во Премиерлигата

by
2 минути читање

Чекањето заврши, од овој викенд се враќа клупскиот фудбал, денеска почнува новата сезона во Премиерлигата. Честа да ја отворат имаат Кристал Палас и Арсенал.

Арсенал има лоши спомени од последното гостување кај Кристал Палас, што воедно беше и последен меч меѓу овие два тима. Во април минатата сезона топчиите загубија со 3-0.

Тимот на Микел Артета изгледаше импресивно во подготвителниот период, се чини дека Шпанецот ги намести коцките, а големото засилување од Манчестер Сити, Габриел Жесус се прилагоди како долго време да играл во тимот.

Фаворитската улога ќе ја има Арсенал, но не се очекува дека ќе им биде лесно Кристал Палас ќе се обиде да остане непоразен на свој терен, но не се верува дека ќе може да го повтори резултатот од минатиот меч меѓу овие два клуба.

Натпреварот почнува од 21 часот. Од оваа сезона „Арена Спорт“ ги има правата за натпреварите од Премиерлигата.

Утре од 13:30 часот Ливерпул му гостува на Фулам, од 16 часот ќе играат Борнмут – Астон Вила, Лидс – Вулвс, Њукасл – Нотингем, Тотнем – Саутемптон, а од 18:30 Евертон и Челси.

Во недела од 15 часот Манчестер јунајтед ќе го пречека Брајтон, во истиот термин играат Лестер и Брентфорд, а од 17:30 часот, шампионот Манчестер Сити му гостува на Вест Хем.

Покрај Премиерлигата денеска почнуваат уште две првенства од топ пет лигите, Бундеслигата и Лига 1.

Во Германија од 20:30 часот ќе стартува мечот меѓу освојувачот на Лига Европа и шампионот во Бундеслигата, Ајнтрахт Франкфурт против Баерн Минхен.

Во Франција сезоната ја отвораат Лион и Ајачио, тој дуел почнува од 21 часот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани