Барса постигна договор со фудбалерите и техничкиот персонал за намалување на платите во износ од 172 милиони евра, но оваа мерка не е доволна.
За да подобри финансиската состојба на клубот, в.д. претседателот Карлес Тускетс побарал да се продадат неколку играчи а прв на листата за отстрел е Филипе Кутињо, најскапото засилување во историјта на Барселона.
Бразилецот добро ја започна сезоната, но потоа се повреди, а откако се врати на терените, не игра на потребното ниво. Исто така, младиот Педри ја искорсти минутажата да се наметне и сега тој ужива поголема доверба кај Куман.
Ара додава дека Карлес Тускетс побарал да се најде купец за Филипе Кутињо до 24. јануари, но всушност тој нема моќ да санкционира продажба, иако беше направен преседан во 2015.