Крај на сите дилеми: Зидан е нов селектор на Франција, познати и детали од договорот

by Стефан
1 минути читање

Веќе нема никакви дилеми, Зинедин Зидан е новиот селектор на француската репрезентација.

Зидан на селекторската позиција ќе го наследи Дидие Дешамп, со што завршува едно од најуспешните поглавја во историјата на францускиот фудбал, но истовремено започнува нова ера.

Популарниот Зизу се враќа на големата сцена по пауза од 2021 година, кога го напушти кормилото на Реал Мадрид. Со „кралскиот клуб“ испиша историја, освојувајќи три последователни трофеи во Лигата на шампионите.

Зидан со репрезентацијата на Франција потпишал договор до завршувањето на Мундијалот во 2030 година.

Како фудбалер, Зидан ја предводеше Франција до светската титула во 1998 година и европскиот трон во 2000 година, сега ќе има задача со исклучително силна генерација предводена од Килијан Мбапе повторно да ја искачи Франција на светскиот врв.

Официјалното претставување и прес-конференцијата на која Зидан и формално ќе го стави потписот на договорот се очекуваат во наредните денови во Париз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×