Крај на сагата: Позната иднината на Гризман!

by Стефан
1 минути читање

Францускиот напаѓач, Антоан Гризман ќе остане во Атлетико Мадрид барем уште во наредните две сезони, објави шпанскиот „Релево“.

Се најавуваше дека Гризман би можел да ја продолжи кариерата во МЛС лигата, меѓутоа последните информации говорат дека тој ќе остане на „Ванда Метрополитано“ до 2027 годна.

Неговиот актуелен договор истекува летото 2026 година и со одредена оштета можеше да замине, меѓутоа тоа нема да се случи.

Најчесто со името на Гризман се поврзуваше Лос Анџелес кој сакаше Гризман да игра во тандем со Жиру.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани