Крај на сагата: Нејмар од свој џеб понудил да плати 20 милиони за да се врати во Барса, но џабе, останува во Париз

by
1 минути читање

Нејмар нема да се
врати на Камп Ноу, доцна вечерва Л’Екип објави дека напаѓачот им наредил на
луѓето кои се грижат за неговата кариера да престанат да работат на трансфер во
Барселона и ги известил раководството на ПСЖ дека останува.

Играчот се решил
на еден ваков чекор откако вчера првите луѓе на Барселона го известиле дека е
невозможно да пронајдат зделка со ПСЖ.

Се шпекулира дека дури и самиот Нејмар сакал да искешира 20 милиони евра од
свој џеб за да се задоволат барањата на ПСЖ. Барса нудела 130 милиони евра плус
трансфер на Ракитиќ и Тобидо и позајмица на Дембеле. „Светците“ побарале сумата
да биде 150 милиони евра, па напаѓачот се понудил да ја плати разликата но ниту
тоа не било доволно за да падне договор.

По ваквиот развој
на настаните, Барса се помирила деа ова лето нема шанси да го купи Нејмар, а
Бразилецот дека мора да продолжи во дресот на ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани