194
Играчите на ПСЖ кои се забавуваа на Ибица се заразија со коронавирус, па Тухел денеска не можеше да смета на Нејмар, Мбапе, Навас, Икарди, Ди Марија, Мркињос и Паредес. Сите тие се во изолација.
Оние кои настапија не можеа да се носат ниту со Ленс.
Мечот беше решен во 57. минута кога по една огромна грешка на голманот на ПСЖ, Булка, Ганаго постигна гол за победа на Ленс од 1-0.
За три дена ПСЖ треба да го игра големото дерби со Марсеј, а Тухел веројатно и тогаш нема да може да смета на истите играчи.