Ковач прави чистка во Баерн, шкртна четири фудбалери вредни 150 милиони евра

by
1 минути читање

Баерн Минхен ќе
направи реконстукција на тимот по доаѓањето на Нико Ковач. Денешното издание на
Билд вели дека Хрватот дал зелено светло за разделба со четворица играчи.

Артуро Видал,
Тиаго Алкантара, Хуан Бернат и Жером Боатенг можат да заминат од Алианц Арена.

Најитна е
работата со Чилеанецот, кој е во последната година од договорот, додека
најголеми шанси за останување има Жером Боатенг, со кого Нико Ковач ќе има
средба по крајот на Светското првенство.

Се говори дека од
продажбата на овие четворица играчи, Баерн Минхен би можел да инкасира околу 150
милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани