333
Диего Коста почна со
настапи во неговиот старо-нов клуб Атлетико Мадрид, а тој постигна гол уште во
неговиот прв настап, и тоа во Купот на Шпанија против нисколигашот Лиелда.
Коста влезе во игра на
местото на Кореа во 64. минута, само пет минути подоцна постигна гол за водство
од 0-3 за Јорганџиите кои уште во првиот меч против својот ривал се чини го
визираат пласманот во четвртфиналето.