Кошмарно сценарио: Погба го пропушта Светското првенство и второто деби за Јуве ќе го има во јануари?!

by
1 минути читање

Пол Погба се повреди на подготовките во САД (исектоина на менискусот на десното колено), во прв момент се чинеше дека не е ништо
сериозно, но медиумите од Италија сега пишуваат за кошмарно сценарио.

Повеќе не се
дебатира дали ќе има опрација или ќе нема, туку каков тип на операција да се
изведе и пред да донесе конечна одлука, Пол Погба ќе се консултира со
специјалист по свој избор во Франција.

Како што
пренесуваат медиумите, со првиот тип на операнција
(да се извади парче од менискусот), Пол Погба ќе
паузира помеѓу 40 и 60 дена. Со вториот тип на операција (да се сошие
исекотината), кој гарантира подобро опоравување од околу 90%, Пол Погба ќе биде
надвор од терените и до 5 месеци.

Без сомнеж,
втората опција е кошмарно сценарио, Пол Погба ќе го пропушти Светското првнество
и второто деби во дресот на Јувентус ќе го има дури во јануари.

Но првата
опција носи одредени ризици, најчесто оваа операција се препорачува на помлади фудбалери и
постојат добри шанси да се обнови повредата, или да се заработи посериозна
повреда. Бркајќи го сонот за настап на мундијалот, Пол Погба може да си направи
проблеми со кариерата на долг рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани