Многу клубови сакаат Манчестер Сити да биде исфрлен од Премиерлигата доколку „граѓаните“ бидат прогласен за виновни по обвинувањата дека ги прекршувале правилата за ФФП во периодот од 2009 до 2018, ова попладнево го пренесе Скај Спортс.
Најмногу притискаат ривалите од „топ шест“ како Манчестер јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Челси и Тотнем.
Според Скај Спортс, помеѓу клубовите постои мислење дека одземање на титули ретроспективно ќе биде безначајно и ќе предизвика конфузија, а ист ефект ќе има и доколку Манчестер Сити помине само со парична казна.
Соодвена казна би било Манчестер Сити да биде исфрлен од Премиерлигата, со тоа што ЕФЛ (телото кое ја организира втората, третата и четвртата лига) да нема обврска да ги вклучи „граѓаните“ во своите натпреварувања.
При едно вакво сценарио, Манчестер Сити би се нашол во полуаматерскиот фудбал, односно во петта лига.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.