Ќосевски: Да ја пресликаме партијата од Купот со Гостивар и во Кратово

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Струга под тренерска палка на Илчо Ѓорѓиоски за првпат ќе заиграат во ПМФЛ и тоа на гостувањето кај есенскиот првак Силекс.

Актуелниот шампион три натпревари во низа не знае за победа над овој ривал, па Ведран Ќосевски нагласи дека се надева ситуацијата да се смени. Голманот на стружани нагласи дека нема да биде лесно во Кратово.

Нè очекува многу тежок натпревар против Силекс, ако се согледа дека ќе се судриме со многу квалитетен тим. Ќе се обидеме да ги искористиме шансите кои ќе ни се пружат во Кратово.

Против Гостивар одигравме многу тимски, го докажавме својот квалитет и заслужено се пласиравме понатаму во Купот. Се надевам дека таквата партија и резултат ќе ја пренесеме и во следните натпревари од шампионатот, особено бидејќи против Силекс немавме голем успех на претходните натпревари“, изјави Ќосевски.

Силекс во моментов е на четвртата позиција на табелата со 38 бода бидејќи на стартот на оваа сезона одигра нерешено со Тиквеш и загуби од Шкендија. Во незавидна позиција е и Струга која забележа два порази, а е петтопласирана со 32 бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани