„Карамелите“ до
крајот на неделата треба да комплетираат три зделки и да ги купат Хамес
Родригез од Реал Мадрид, Алан од Наполи и Абдулаје Дукуре од Вотфорд.
Поради
коронавирус кризата, Евертон нема да плати многу а ќе добие три квалитетни
засилувања. Хамес Родригез, за кого Реал Мадрид одвои 71 милион фунти, сега е
достапен за 20+ милиони фунти.
Наполи за Алан во
јанури одби 50 милиони евра од ПСЖ, а сега го продава за двојно помалку односно
25 милиони евра (22 милиони фунти), плус додатни 3 милиони евра во бонуси (нешто
помалку од 2 милиони фунти).
Вотфорд пред 12
месеци одби понуда од Евертон за Абдулаје Дукуре вредна 32 милиони фунти, но
сега се сложи на трансфер од 20 милиони фунти, плус уште додатни 5 милиони во
бонуси.
Па за 70 милиони
фунти, Карло Анчелоти на располагање ќе има три квалитетни засилувања за
сезоната 2020/21.