Кореографијата на навивачите на Манчестер сити не била за Винисиус

by Стефан
1 минути читање

Кореографијата на навивачите на Манчестер сити во вчерашниот натпревар против Реал Мадрид не била упатена кон Винисус Жуниор, туку кон претседателот Флорентино Перез.

Ова го открија на социјалните мрежи и тоа навивачите на „граѓаните“.

„Престани да плачеш“, пишуваше на споменатата кореографија со фотографија од Родри и „Златната топка“, а се било кон претседателот на гигантот од Мадрид.

„Зарем никој во медиумите не сфати дека пораката не е за човек на теренот, туку за Флорентино Перез. Токму тој ја започна кампањата против Родри и бојкотот беше негова идеја. Моравме нешто да направиме“, стои во пораката на навивачите.

Инаку, Винисиус по натпреварот ја коментираше кореографијата и порача дека таквите работи му даваат поголем мотив.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани