Во финишот од преодниот рок може да се случи промена во офанзивниот дел од тимот на Интер.
„Кореа сака да игра повеќе минути на теренот и ние не го игнорираме тоа. Пјеро Аусилио работи на тоа. Алексис Санчез е одличен шампион, тој ни прати порака дека сака да се врати и тоа е позитивно“, рече Марота.
Тој проговори и за Лукаку, не верува дека ќе потпише за клуб од Серија А.
„Има цели кои мислите дека ќе ги добиете, но на крајот тоа нема да се случи“.
„Можам да кажам само дека Лукаку остави огромно разочарување за сите во Интер. Не знам каде ќе оди сега, нема многу опции останато, не мислам дека ќе се врати во Италија, има само уште десет дена“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.