Контроверзно им поништија гол па во 91. минута го шокираа Лацио, Сасуоло го освои Олимпико (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Бјанкочелестите“
се се подалеку од битката аз Скудетото, попладнево загубија дома од Сасуоло и
нанижаа три порази во низа. Мечот почна со контроверзна одлука, гостите поведоа
со голот на Распадори но ВАР го поништи и покрај тоа што од повторените снимки
се гледа дека Пароло играше со топката и не треба да има офсајд.

Кратко потоа
Ѓуриќиќ ја погоди рамката од голот, а за неискористените прилики, Лацио казни
во 33. минута, Луис Алберто донесе водство од 1-0.

Сепак, на стартот
од вториот дел Распадори одново ја затресе мрежата на домаќините, овој пат се
беше чисто и на семафорот гласеше 1-1.

Лацио немаше
идеја како да се врати во игра, па избраниците на Инѕаги беа шокирани во првата
минута од судиското надополнување, Капуто начека една спуштена топка на втората
статива и ја затресе мрежата за 1-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×