Контроверзно: Голот на Вулвс е поништен затоа што ВАР немале камера (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Фудбалерот на Вулвс, Тоти постигна гол за водство на неговиот тим од 3-2, линискиот судија го крена знаменцето за офсајд. На камерите не можеше да се види каде е офсајдот.

„ИТВ“ тврди дека ВАР немал камера која може да потврди дали Матеус Нуњеш бил во офсајд и поради тоа се почитувала одлуката на линискиот судија кој го крена знаменцето.

„Офсајд немаше. Некој му кажал дека е офсајд. Но ги видовме снимките, немаше офсајд. Одлуката е погрешна. Јас правам грешки секој ден и понекогаш прават и тие. Денес имаме помош од ВАР и не може ова да се случува, жал ми е, но ова не е офсајд“, беше бесен тренерот на Вулвс, Лопетеги по мечот.

И самиот Клоп е свесен дека ситуацијата е спорна.

„Не сум сигурен за нивниот трет гол. Ние видовме една слика каде можеби изгледаше дека е офсајд, но можам да ја разберам нивната лутина. Не сакаме ВАР да има само еден агол“, рече Клоп.

Нерешениот резултат значи дека овие две екипи ќе играат повторен натпревар на теренот на Вулвс.

Се појави и снимка од навивачи од трибините каде може да се види целата акција.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×