Контроверзен пенал му откина два бода на Арсенал кај ВБА (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во последниот
натпревар од Премиерлигата во 2017, ВБА и Арсенал ги поделија бодовите.
Во еден прилично
досаден дуел, возбудувањата се случија во финишот од средбата.

Најпрво Алексис
Санчез со помош на живиот ѕид донесе предност за Арсенал
од 0-1 преку слободен удар во 83. минута.

Но гостите
останаа без победа и три бода откако судијата Дин реши да го санкционира
играњето со рака на Чемберс. Дефанзивецот на Арсенал беше на само пола метро од
притивникот кога Гибс со крајни напори спаси една топка од гол-аут, и немаше
никаква намера, но судијата покажа на белата точка и покрај протестите на
„Топчиите“.

Родригез беше
сигурен реализатор на најстрогата казна и донесе 1-1.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани