Контроверзен меч на Аноета, Реал Мадрид го совлада Реал Сосиедад и се искачи на првото место (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид е нов
лидер во Ла Лига, избраниците на Зинедин Зидан го искористија киксот на
Барселона, и со победа од 1-2 над Реал Сосиедад, се искачија на првото место на
табелата.

За случувањата на
Аноета сигурно ќе се зборува многу следните денови, особено во медиумите од
Каталонија.

Касемиро помина само
со жолт картон за старт на Микел Мерино кога лесно можеше да добие црвен.

На стартот од
вториот дел, Винисиус падна во шеснаесетникот на домаќините а судијата покажа
на белата точка. Фудбалерите на Реал протестираа, ситуацијата беше прегледана
со ВАР, но одлуката остана а Серхио Рамос погоди од белата точка за 0-1.

На спротивната
страна, Јанузај со удар од далечина изедначи на 1-1, но голот беше поништен поради офсајд на Микел
Мерино, кој го порпречуваше видното поле на Куртоа.

Во 70. минута,
Карим Бензема погоди за 0-2, но и овој гол беше спорен. Се доби впечаток дека
напаѓачот со рака ја смири топката, повторно ВАР прегледуваше и процени дека се
било легално иако немаше јасна слика дали Французинот игра со рака или рамо.

Во финишот на
мечот, Мерино намали на 1-2, но тоа беше се што домаќините направија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×