305
Еспањол синоќа се врати од три гола негатива проти Атлетико Мадрид и се избори за важен бод во битката за опстанок, но домаќините силно негодуваа по крајот на натпреварот.
Во финишот на првото полувреме, Антоан Гризман донесе 0-2, но голот е прилично контроверзен откако голманот интервенираше на самата гол линија. Во Шпанија нема технологија на гол линијата, па ВАР проверуваше дали топката со цел обем ја минала гол линијата.
„Од она што ние го гледавме, нема снимка на која јасно се гледа дека топката со цел обем ја мина гол линијата, па затоа клубот побара од Ла Лига да ни бидат доставени снимки од кои јасно се гледа дека Гризман постигна гол“ – вели тренерот на Еспањол, Луис Гарсија.