Навивачите на Островот ќе се вратат на трибините уште во сабота, и тоа на контролката помеѓу
Брајтон и Челси, секако, истото би се реализирало
според посебно предвидени протоколи за заштита од заразата.
Од Брајтон
денеска објавија дека оние кои поседуваат сезонски влезници и други клупски
членови ќе имаат можност да дојдат до влезница за предвидената контролка на
која би присуствувале до 2,500 навивачи на трибините од „Амекс“ арената.
Арената на чиј
домаќин е Брајтон има капацитет за 30,000 гледачи, па со самото тоа полека но
сигурно се остваруваат најавите дека на натпреварите во новата сезона од
Премиерлигата ќе има ограничен број навивачи на трибините (планот е околу 20-30% од
вкупните капацитети на стадионите), првично, најавено е дека тоа ќе се оствари
уште на почетокот на октомври.
Нешто повеќе во
однос на организацијата на контролката помеѓу Брајтон и Челси во однос на
превентивните мерки, домаќинот веќе потврди дека добил зелено светло од
тамошните власти, а од тоа што засега е познато, фановите ќе мораат да носат
заштитни маски на себе, меѓутоа тие ќе имаат дозвола да ги тргнат истите од
своите лица штом седнат на предвиденото место на гледалиштето, како и во
моментите кога би јаделе или пијат одреден пијалок.
Исто така, ќе има
и социјална дистанца помеѓу навивачите, а стјуардите ќе имаат право и да
извршат проверка на нивната температура.