Се чини дека
шефот на стручниот штаб на Интер, Антонио Конте полека но сигурно го губи
трпението со Алексис Санчез, откако видно незадоволен јавно упати критики кон
Чилеанецот, особено во играта во завршниот дел од акциите, алудирајќи на
шансите за гол.
„Не знам дали
беше уморен, секако дека тој се обиде да го даде најдоброто од себе за време на
натпреварот, меѓутоа мора да биде подобар кога ќе дојде во шанса за гол“ изјави
Конте по поразот од Јувентус во Копа Италија каде 32 годишниот Санчез ги одигра
сите 90 минути..
„Бројките за
напаѓачите се од исклучителна важност, а неговите бројки мора да се подобрат“
додаде предводникот на „Нероаѕурите“.
Интер сакаше да придобие бенефит од
ситуацијата во која Санчез се најде во Манчестер јунајтед, клуб кој сакаше да
се ослободи од „вишокот“, особено од финансиски аспект, меѓутоа барем засега, „Нероаѕурите“
не видоа ништо посебно од Чилеанецот.